Ер Србија денеска ќе го има првиот директен лет на линијата меѓу Белград и Валенсија, а ќе биде трета дестинација во Шпанија, соопштија од компанијата.
Летовите за Валенсија ќе бидат двапати неделно – во среда и сабота во текот на април и мај, а потоа од почетокот на јуни, во четврток и во недела. По Барселона, Мадрид и Валенсија, Ер Србија наскоро ќе воведе летови до својата четврта дестинација во Шпанија – Палма де Мајорка.
Сезонските летови на таа релација ќе се вршат од 11 јуни до 29 октомври, два пати неделно – во вторник и сабота.