Осуммина Хрвати кои беа уапсени во Замбија на почетокот на декември под сомнение за трговија со деца од Конго се појавија пред судот во вторник.
Како што пренесува Вечерњи, на почетокот на постапката имало пауза за да им се прочита обвинението на англиски јазик за да можат да го разберат. По пауза, рочиштето продолжи.
Судењето се одвива во гратчето Ндоли, недалеку од границата со Конго, а набљудувач е и службеник на хрватската амбасада.
На првото судско рочиште уапсените хрватски државјани ќе ја признаат вината. Доколку се изјаснат за невини, ќе има истрага за собирање докази што може да потрае со месеци пред да се подигне обвинението.