„Ембарго на гас, сега“. Ова беше пораката напишана на англиски јазик на телата на две девојки упаднаа на прес-конференцијата на германскиот канцелар Олаф Шолц.
Како што пренесува германски „Билд“, Шолц по инцидентот реагирал смирено, не правејќи никакви проблеми.
Телохранителите брзо реагирале и ги одвеле жените кои извикувале пароли, барајќи да се забрани увозот на руски гас.
Шолц претходно одговарал на прашања на граѓаните, а еден од нив го прашал колку често се тушира тој, бидејќи владата побара од граѓаните да се тушираат пократко за да се заштеди енергија.
Канцеларот одговорил „секој ден“, по што уследила смеа од присутните, додава „Билд“.