More

    Еко-свест повикува да продолжи одземањето концесии на малите хидроцентрали

    spot_img

    Невладината огранизација Еко-свест го повикува Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе одлука и за одземање на концесиите на малите хидроцентрали во Националниот парк Маврово, како што стори и за тие на територијата на Националниот парк Шар Планина.

    Еко-свест ја поздравува владината одлука за одземање на концесиите на малите хидроцентрали, зашто тие нанесуваат непоправливи штети врз реките и екосистемите и не смеат да се градат во заштитени подрачја.

    „Владата вчера донесе многу важна и „револуционерна одлука” за раскинување седум концесии за мали хидроцентрали во нововоспоставениот Национален парк Шар Планина и со ваквиот чекор овозможи да се заштитат важни локации за водниот и крајбрежен биодиверзитет на Шар Планина. Уште еднаш, недвојбено ја поздравуваме одлуката за Шар Планина и го повикуваме Министерството за животна средина да донесе одлука за одземање и на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово. Таквата одлука ќе биде првиот и најважен чекор во одглавување на процесот за репрогласување на нашиот најстар национален парк, во кој повеќе од десет години, како резултат на неодржливото управување се предизвикуваат огромни штети по екосистемите, биодиверзитетот и вредностите на паркот“ – наведува Еко-свест.

    Според оваа организација, оваа може да биде пресвртница во пристапот на заштитата на природата, a пред се на реките во земјава.

    – Во нашето законодавство, но и преку ратификуваните меѓународни конвенции, имаме силни механизми кои, доколку правилно се применат, може да ни помогнат низ целата земја да имаме чисти и здрави реки. Тие може да бидат заштитени од различни причини – поради нивното значење за локалните заедници, значењето за заштита на биодиверзитетот или поради уникатноста на пределот што го создале низ милениумите, вели извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска.

    Еко-свест подвлекува дека реките без препреки се еден од најважните елементи за здравјето на екосистемите. Националните паркови и заштитените подрачја се клучни за заштита и зачувување на биолошката разновидност, а имаат и непроценлива улога во одржување и подобрување на квалитетот на водата што ја пиеме, заштита на подземните води и подобрување на квалитетот на воздухот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img