More

    ЕКО РАБОТИЛНИЦА ВО ООУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

    spot_img

    Општина Охрид заедно со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ денеска организираше еко работилница за учениците од прво одделение во ООУ „Григор Прличев“.

    Покрај презентацијата на едукативно видео, на учениците им беа поделени примероци од детската сликовница за екологија „Супер херој-Нула“, едукативни постери и мали садови за собирање на отпадни батерии.

    Целта на овие едукативни работилници на “супер херои“ е да се поттикне вистинската моќ на малите – големи луѓе, нивната креативност, фантазија и нивната замисла за поубав и почист свет.

    -Само преку креирање на правилна стратегија, постојана обука и активности за подигање на свеста на граѓаните за значењето на селекција и рециклирање на електронскиот отпад и отпадните батерии може да се овозможи понатамошен раст и развој на локалната заедница. На тој начин може да се придонесе за подобри услови за живот на населението во општината, нагласуваат одговорните за реализација на едукативните активности.

    Тие објаснуваат дека сите ние треба да бидеме иницијатори на еколошки движења во нашата средина, да помогнеме во подигнувањето на свеста за проблемот со загадувањето и да мотивираме што повеќе луѓе да се грижат за себе и околината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img