По вчерашното невреме кое беше проследено со силен ветер, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” се на терен на повеќе локации во градот со цел да се санира состојбата: се подигнуваат оштетени стебла, скршени гранки, се расчистува кејот и крајбрежниот појас од наносите од разновиден отпад.
Дежурните екипи се во мобилна состојба за да се интервенира каде ќе има потреба.