More

    ЕДНАШ ВО 50.000 ГОДИНИ ЗЕЛЕНАТА КОМЕТА НЀ ОДМИНУВА

    spot_img

    „Oва ќе биде последната можност за човештвото да ја види оваа комета”, велат на шега познавачите за Зелената Комета Ц/2022 E3 (ЗТФ) која до утре, 1 февруари, треба да ѝ се доближи на Земјата. Еднаш во 50.000 години овој камен го заобиколува Сонцето, вклучително и нас.

    – Во мигов е невозможно кометата да се види со голо око. Сепак, како што се приближува крајот на јануари, таа ќе станува сѐ посветла и ќе биде видлива со голо око ако небото е ведро и нема многу светлосно загадување во вашата област, вели Пол Вигерт, професор на катедрата за Физика и астрономија при Западниот универзитет во Лондон.

    Во моментов видена е во Калифорнија во САД и во Канада. Гледањето со голо око би било тешко поради тоа што таа е највидлива по полноќ на убаво затемнето небо. Но, со телескоп и опрема лесно би била забележана, повторно, на доволно затемнето небо.

    Зошто е посебна?

    Астрономите  ја открија во март 2022 година и ја нарекоа „зелена комета“ поради нејзиниот зелен сјај и се смета дека потекнува од облакот Орт – збирка ледени тела за кои се верува дека постојат во најоддалечениот дел од Сончевиот систем. За разлика од Халеевата комета која се појавува на секои 76 години, оваа убавица ја виделе само неандерталците, ако погледнале во небото во тоа камено доба, пишува Гардијан.

    Зошто е зелена?

    Се смета дека феноменот произлегува од интеракцијата помеѓу светлината од сонцето и диатомскиот јаглерод -нестабилна, гасовита форма на самиот јаглерод во кој атомите се споени заедно во парови. Го има на главата на самата комета, а додека свети ултравиолетовите зраци од Сонцето истовремено го распаѓаат, па затоа опашката не е баш зелена како што е главата.

     

     

    Каде треба да ја барам кометата?

    Најдобро е да тргнете во среда навечер на некаде навистина темно, далеку од силните светла на градот ноќе и да барате дамка на небото.

    – Кометата е на север од нашето небо, моментално блиску до Поларис, поларната ѕвезда директно на север – вели Џејк Фостер, астроном од Кралската опсерваторија.

    – Кометата најдобро се гледа по полноќ, кога ќе ја достигне највисоката точка на небото. Ќе се движи на значително растојание низ небото од ноќ до ноќ додека ќе оди кон соѕвездието Бик во текот на следните недели – додава тој.

    Фостер додаде дека има различни бесплатни апликации за гледање ѕвезди кои може точно да ја одредат локацијата на кометата за да ја олеснат задачата.

    – Со двоглед или мал телескоп, би требало да можете да ја забележите кометата како слабо зелена дупка. Доколку имате среќа и небото ви е особено темно, можеби ќе можете да видите и една од нејзините огромни опашки – објаснува астрономот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img