Албанскиот премиер Еди Рама лани во декември бил исфрлен од авион на Луфтханза кој летал од Франкфурт за Детроит затоа што не сакал да носи маска. Шпигел пишува дека бил повикан пилотот кој пробал да ја реши ситуацијата, за на крајот федералната полиција да го извади Рама од авионот.
Дури по разговорот со претставник на Федералната служба за меѓународни односи, Рама се согласил да стави маска, по што бил распореден на следниот лет за Детроит заедно со својата десеточлена делегација.