More

    Европските лидери имаа тешки преговори за енегренсите

    spot_img

    Лидерите на Европската Унија постигнаа консензус само за широка рамка за справување со ценовниот шок од енергетската криза, но не и конкретен договор за ограничување на цените на гасот на првиот ден на самитот на 27 земји членки на унијата што почна вчера во Брисел. Дебатата била напната и исцрпувачка и траела цели 11 часа, пренесуваат светски медиуми.

    Европската комисијата предложи систем за заедничко купување гас и понуди компромис што ќе овозможи механизам за корекција, кој би се активирал во исклучителни околности.

    Самотот почна со големи поделби посебно на релација на традиционалното дуо Германија – Франција. Откако беше критикуван од партнерите, германскиот канцелар Олаф Шолц утринава искажа афирмативен став за новиот проект за гасовод меѓу Франција и Пиринејскиот полуостров.

    – Голем чекор напред е што сега ќе има гасоводна врска со Франција од Пиринејскиот Полуостров. И многу сум среќен што напорите кои беа неуспешни толку многу години сега доведоа до добар резултат. Постои гасовод што тече од Португалија и Шпанија до Франција, што потоа ќе овозможи поврзување со Централна Европа. И јас сум многу среќен што конечно е решено – рече Шолц.

    Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека напорно работел со германскиот канцелар Шолц во билатералните разговори за да се постигне пробив по ова прашање. Сега, рече, очекува конкретни, а не теоретски предлози.

    – Нашата прва цел е да ги намалиме цените на гасот и затоа механизмите за коридор и заштита се поставени на цените на гасот кои се најважни за заштита на домаќинствата и бизнисот во нашите земји – рече Макрон.

    Министрите за енергетика на европскиот блок ќе се состанат следната недела во Луксембург за дополнително да разговараат за предлозите поставени од водачите, со цел да се утврди дека ненадејната цена на гасот нема дополнително да ги наруши економиите на ЕУ.

    Земјите-членки веќе се согласија да ја намалат побарувачката на гас за 15 осто во текот на зимата. Тие, исто така, се обврзаа да ги наполнат капацитетите за складирање гас до најмалку 80 отсто од капацитетот до ноември и да ја намалат максималната побарувачка за електрична енергија за најмалку 5 отсто. Целта е да се спречи енергетската криза поттикната од инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина и неговата стратегија да го стопира снабдувањето со гас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img