More

    Европската унија ќе ѝ додели на Финска 242 милиони евра за воспоставување резерви наменети за сите земји-членки на ЕУ во случај на појава на хемиска, биолошка, радиолошка или нуклеарна закана

    spot_img

    Европската унија ќе ѝ додели на Финска 242 милиони евра за воспоставување резерви наменети за сите земји-членки на ЕУ во случај на појава на хемиска, биолошка, радиолошка или нуклеарна закана, соопшти денеска финската Влада.

    – Избувнувањето на руската агресивна војна против Украина ја потврди потребата од зајакнување на CBRN (хемиска, биолошка, радиолошка и нуклеарна) подготвеност на ЕУ – изјави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.

    Резервите ќе се состојат од опрема за спасување животи до залихи на медицинска опрема, како што се противотрови и мерачи на нивото на радијација и ќе бидат наменети за заштита на лица кои први ќе реагираат во случај на непосредна опасност и цивилно население, соопшти финското Министерство за внатрешни работи.

    Финска дели 1.300 километри државна граница со Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img