More

    Европската унија предупредува на претстои климатска сезона со суши и пожари

    spot_img

    Европската унија предупредува на претстои климатска сезона со суши и пожари
    Извршната власт на Европската унија предупредува дека континентот се соочува со една од најтешките години кога станува збор за природни катастрофи како суши и шумски пожари поради зголемените климатски промени.

    Со екстремно суво време што погоди неколку медитерански земји, еврокомесарот Марош Шефчовиќ им рече на пратениците дека „актуелната суша во Европа би можела да стане најлошата досега“, пренесува ABC news.

    Пожарите што опустошуваат големи области само ја влошуваат климатската криза, рече Шефчовиќ.

    „Статистиките покажуваат дека од 2017 година ги имаме најинтензивните шумски пожари некогаш видени во Европа и дека за жал очекуваме дека сезоната на шумски пожари во 2022 година може да го следи овој тренд“, рече тој.

    Долготрајно суво време погоди неколку земји-членки како Грција и Италија, а топлотниот бран од минатиот месец стигна и до северна Германија. Оваа зголемена загриженост низ Европа за нови катастрофи до крајот на летото.

    Шефчовиќ рече дека ЕУ веќе го финансира распоредувањето на повеќе од 200 пожарникари од целиот блок за гаснење на пожарите во Грција.

    Италија моментално е во средината на топлотен бран заедно со најголемата суша во северна Италија во последните 70 години, услови поврзани со катастрофата од минатата недела кога големо парче од глечерот Мармолада се отцепи и падна врз планинарите.

    Бројот на загинати е девет, а пет лица кои планинареа таму се уште се водат како исчезнати.

    „Трагичниот настан во Мармолада е само најнов пример за катастрофи поврзани со повисоките температури, а со тоа и со климатските промени“, рече Шефчовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img