Европската комисија ќе предложи нов пакет санкции против Русија, вклучително и воведување ограничување на цената на руската нафта, објави порталот „Политико“, повикувајќи се на извори.
Комисијата ќе ги информира амбасадорите на земјите од ЕУ за новиот пакет санкции.
Во исто време, блокот планира да ублажи некои санкции, односно да ја укине забраната за извоз на вештачки ѓубрива, цемент и други производи од Русија.
Нови санкции кон Русија најави и канадскиот премиер Џастин Трудо кој рече дека дополнителните санкции се одговор на референдумите одржани во окупираните делови на Украина. Тој додаде дека Канада никогаш нема да ги признае резултатите од тие референдуми или обидот за нелегална анексија на украински територии од Русија.