More

    Европската комисија објави упатство за штедење на вода

    spot_img

    Европската комисија објави упатства за безбедно користење на пречистените урбани отпадни води за наводнување на земјоделско земјиште, поради екстремните суши со кои се соочува голем дел од Европа ова лето.

    „Со неколку земји-членки сè повеќе погодени од суши, повторната употреба на водата од пречистителни станици за урбани отпадни води може да стане клучна алатка за обезбедување дополнителен безбеден и предвидлив извор на вода, истовремено зголемувајќи ја способноста на ЕУ да се прилагоди на климатските промени“, соопшти Европската комисија.

    Европскиот комесар за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус рече дека ресурсите на свежата вода се оскудни и се повеќе загрозени и дека насоките на Комисијата можат да придонесат за безбедна циркулација на прехранбени производи кои се одгледуваат со искористена вода низ ЕУ.

    -Во време на невидено високи температури, мора да престанеме да трошиме вода и да го користиме овој ресурс поефикасно со цел да се прилагодиме на климатските промени и да обезбедиме сигурност и одржливост на нашето земјоделско снабдување – рече Синкевичиус.

    Екстремните суши предизвикани од климатските промени ги зголемуваат стравувањата дека ќе ги загрозат приносите на земјоделските култури, ќе ги попречат условите за производство и ќе ги зголемат цените на храната.

    Рекордни суши беа забележани во Франција и делови од Англија во јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img