More

    Европа изрази желба да ги почне преговорите со Македонија и со Албанија

    spot_img

    За прв пат денеска Европската Комисија се изјасни за временски рок за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, за време на презентацијата на извештајот на европратеникот Илхан Ќучук, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Во име на Европската Комисија се огласи еврокомесарот Дидие Рејндерс, кој го заменуваше Оливер Вархеји попладнево во Европскиот Парламент. По воведот на известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на неговата резолуција за земјата, Рејндерс повика преговорите со Северна Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство, на 30 јуни.

    – Земјите членки на ЕУ донесоа одлука во март 2020 да ги отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија, сега е време да се испорача и официјално да се отворат со двете земји пред крајот на француското претседателство – изјави еврокомесарот.

    Тој додаде дека ова е најсилниот сигнал што ЕУ може да му го испрати на целиот Западен Балкан.

    Пред два дена и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, даде временски рок кога треба да започнат преговорите со Северна Македонија и предупреди дека доколку тоа не се случи до крајот на француското претседателство ќе се отвори сериозен проблем помеѓу ЕУ и целиот регион.

    До сега Европската Комисија никогаш не се изјаснуваше за рокови во однос на отпочнувањето на преговорите со Скопје и Тирана, користејќи го изразот „што е можно поскоро“.

    Европската Комисија изрази подготвеност да помогне во изнаоѓање решение за надминување на спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

    Известувачот Ќучук од своја страна предупреди дека „времето не е на ничија страна“ во овој спор.

    – Ова е губитничка ситуацијата за Бугарија, за Северна Македонија и за ЕУ – порача известувачот и ги повика Скопје и Софија да најдат заеднички прифатливо решение за да може да се одржи првата меѓувладина конференција, со што ќе им се даде перспектива на македонските граѓани.

    За Ќучук, одолговлекувањето на почетокот на преговорите со Северна Македонија има негативно влијание и врз геополитичкиот контекст.

    Тој додаде дека ова се историски времиња кои бараат лидерски одлуки, а не следење на јавното мислење.

    Извештајот на Ќучук го поздравува реформскиот напредок во земјата, со низа забелешки за состојбата со медиумите, цивилното општество, изборниот законик, меѓу другото. Најспорно во извештајот се поднесените амандмани во врска со спорот со Бугарија. Извештајот и амандманите ќе се усвојуваат утре попладне во Брисел.

    Најавената Конференција за Западен Балкан на француското претседателство ќе се одржи на 23 јуни со лидерите од регионот и од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Француското претседателство од самиот почеток најавуваше дека ќе организира посебен настан со шесте земји од регионот. Денеска Европскиот Совет потврди дека оваа конференција ќе се одржи на 23 јуни непосредно пред редовниот јунски ЕУ лидерски самит.

    Лидерите од шесте земји ќе бидат поканети на 23 јуни наутро да учествуваат на овој заеднички настан со лидерите на ЕУ, кои подоцна истиот ден ќе го отпочнат редовниот јунски самит.

    Во овој момент не е извесно дали сите лидери на Европската Унија ќе бидат присутни на состанокот со нивните колеги од Западен Балкан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img