Трет ден собраниска расправа за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското претседателство со Советот.
Денешната пленарна седница во Собранието ќе ја следи и шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, објави ТВ21.
Расправата во претходните два дена се одвиваше во тензична атмосфера, каде опозицијата за време на обраќањата на пратениците од владејачкото мнозинство правеше врева, а имаше и вербални конфликти и меѓусебни обвинувања меѓу пратениците од власта и опозицијата.
Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.