Рачен часовник за кој се верува дека припаѓал на лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, е продадена на аукција во САД за сума од 1,1 милиони долари. Купувачот е анонимен.
Часовникот кој е од марката Хубер има гравирано свастика и иницијалите АХ.
Еврејските лидери ја осудија аукцијата пред почетокот на продажбата во Историската аукциска куќа „Александар“ во Мериленд. Во отворено писмо потпишано од 34 еврејски лидери, аукцијата се осудува како „одвратна“ и се бара нацистичките предмети да бидат повлечени од продажба.
Аукциската куќа, која и во минатото има продавано разни предмети од Нацизмот, вели дека нивна цел е да ја зачуваат историјата. Меѓу предметите кои ги продавала оваа куќа се најдоа и фустани на хитлеровата сопруга Ева Браун.