More

    Еве зошто Ед Ширан, Бритни Спирс, Мајли Сајрус, Селена Гомез и Џастин Бибер паузирале од социјалните мрежи

    spot_img

    Дури и познатите личности имаат потреба од „дигитална детоксикација“ и пауза од социјалните мрежи. Ед Ширан, Бритни Спирс, Мајли Сајрус, Селена Гомез и Џастин Бибер се едни од нив. Причините за тоа се различни – премногу коментари со омраза, премногу време пред мониторот, умор од „глумата“ на социјалните мрежи.

    Интернет-просторот предизвикува контроверзии и во политиката. Германскиот министер за економија, Роберт Хабек го напушти Твитер во 2019 година и не се врати оттогаш, иако некои други политичари ја користат платформата барем еднаш на еден час – за да го кажат своето мислење.

    – Твитер е агресивен како ниедна друга социјална мрежа и ниеден друг медиум нема толку омраза, злоба и говор на омраза. Тоа беше една од најмудрите одлуки што ги донесов во мојот живот – напиша Хабек на својот блог

    Според истражување на дигиталното здружение „Битком“, оваа година 10 отсто од луѓето во Германија сакаат повторно да бидат офлајн, а околу 43 отсто веќе го сториле тоа, за повторно да се чувствуваат подобро.

    Бројни трудови ги разгледуваат последиците на Инстаграм, Твитер и другите социјални медиуми. Според Универзитетот на Бат во Велика Британија, дигитална пауза од само една недела ја подобрува општата благосостојба и ја намалува анксиозноста и депресијата. Фактот дека резултатите се вакви може да се потврди со истражувањата. Други трудови гледаат врска меѓу времето минато на интернет и депресијата. Се вели дека е тешко да се докаже што доаѓа прво. Можно е и луѓето со склоност кон депресија да ги користат социјалните мрежи почесто од другите.

    Социјалните мрежи се толку зависни и влијателни на луѓето што некои корисници пријавиле стрес и осаменост за време на апстиненцијата од социјалните мрежи.

    – Важно е сами да одлучиме колку време сме на мрежите и што правиме таму.  Влијанието на социјалните мрежи секогаш зависи од личноста на корисникот – изјави активистката Кристин Лангер.

    Друг фактор за лошите влијанија е тоа што социјалните мрежи, додека едни заработуваат од сѐ тоа, други чувствуваат притисок и завист кон останатите корисници на кои наводно им оди подобро во животот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img