Единицата е првиот број, тој значи нов почеток. Но, во нумерологијата значи и среќа и има голема моќ. Денешниот датум 11/11 во ’22 година би требало да го искористите до максимум, советуваат астролозите. Единаесетката е можност да стапите во контакт со вашето „повисоко јас“. Често се случува и да видиме 11:11 на часовникот.
11 ноември е време да се поврзете со вашето духовно царство и шанса да ја истражите таа врата кон непознатото. Како што напиша Мери Хајкел Хант за „Kindred Spirit“ , 11 ноември ја нуди „идејата за праг што може да се надмине, овозможувајќи влез во друга димензија, нова земја, место со ветување за нови почетоци.
Затоа, почнете да размислувате на големо, поставете конкретни цели и запрашајте се што сакате и зошто го сакате тоа.
И покрај астролошките настани на ретроградниот Марс, ретроградниот Меркур и спојот меѓу Јупитер и Плутон кои сите се случуваат оваа недела, моќта на 11 ноември ќе го надмине целото космичко лудило и ќе ви даде шанса да направите последен чекор кон позитивен раст.
На денешен ден е роден Фјодор Достоевски. Бил исто така потпишан мирот во Првата светска војна, па 11 ноември се слави и како ден за паметење на жртвите и загинатите војници.
Во математиката 11-ката има одлични способности, на пример ако се квадрира само се додава двојка, станува 121, на куб станува 1331, на четврта 14641, според Паскаловиот триаголник…Во таротот кој има 22 карти тие можат да се поделат на два по 11, а ако истите карти ги подредиме во Кабалистичко дрво на животот, заедно со 11 врски меѓу нив се добиваат 33 – како бројот на масонските чекори до просветлување, како бројот на пршлени во човечкото тело, возраста на која загинал Исус Христос и други слични поврзувања.
Старите Египќани ги базирале сите свои градби на пропорција 5 према 6, во нивната единица кјубит. И тие знаеле за 11-ката. Комбинацијата на петка и шестка се јавува и во природата, кај органските молекули кои често се со петоаголна или шестогална форма, а често овие форми се наоѓаат врзани еднододруго.
Според оние нумеролози на кои им е битна деветката и се водат од правилата на Енеаграмот, сите „цагер“ датуми 11:11, 22:22 до оние со деветка, на пример, 09:09, имаат свое значење, како дел од патот на архетипскиот херој низ повеќе фази од животот. Деветката е врвната фаза, затоа што по 9-ката сите други броеви, 10, 11, 12 се повторуваат со истите девет цифри.