More

    Евакуација на девет милиони луѓе во Јапонија поради тајфун

    spot_img

    Девет милиони луѓе треба да бидат евакуирани од своите домови, бидејќи Јапонија беше погодена од еден од најсилните тајфуни Нанмадол, во кој едно лице загина, а речиси 70 беа повредени, јавува Би-би-си.

    Тајфунот го погоди најјужниот јапонски остров Кјушу во неделата наутро, а се предвидува дека во следните неколку дена ќе го помине главниот остров Хоншу. Десетици илјади луѓе ја поминаа неделата ноќта во засолништа за итни случаи, а речиси 350.000 домови се без струја. Сообраќајот и бизнисот се во прекин, а земјата е подготвена за големи поплави и одрони.

    Нанмадол донесе налети на ветер до 234 километри на час, а во некои области се предвидуваше дека ќе наврнат 400 милиметри дожд за 24 часа. Откажани се брзите возови, траектите и стотици летови. Многу продавници и други бизниси беа затворени и беа поставени вреќи со песок за да се заштити имотот, според Би-Би-Си.

    Се прогнозира дека бурата ќе се сврти кон исток и ќе го помине главниот јапонски остров Хоншу пред да се пресели во морето до среда. Главниот град Токио го зафати силен дожд.

    Предупредување од петто ниво, највисоко на јапонската скала за предупредување за катастрофи, беше издадено за повеќе од 500.000 луѓе во неколку области, а на вкупно околу девет милиони луѓе им беше наредено да се евакуираат.

    Нанмадол беше категоризиран како супер тајфун од американскиот Заеднички центар за предупредување за тајфуни (JTVC), термин кој се применува на бури со постојан ветар од 240 km/h или повеќе. Тоа е еквивалент на ураган од четврта или петта категорија.

    Премиерот Фумио Кишида до вторник ја одложи посетата на Њујорк, каде што требаше да се обрати пред Генералното собрание на ОН, за да го следи влијанието на невремето. Научниците предвидоа многу активна сезона на урагани оваа година, под влијание на природниот феномен познат како Ла Ниња.

    Како што пренесува Радио Слободна Европа, влијание може да имаат и потоплите температури на морската површина на Атлантикот и Карибите како резултат на климатските промени. Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) соопшти дека интензивните тропски циклони веројатно ќе се зголемат на глобално ниво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img