More

    Пуштен во употреба нов најсовремен бипланарен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури

    spot_img

    Во Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје денес беше пуштен во употреба нов најсовремен бипланарен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, според надлежните, единствен од ваков тип кај нас и во соседните држави.

    Министерот за здравство, Беким Сали истакна дека апаратот од производителот Сименс е набавен со средства од Министерството за здравство во износ од 47 милиони денари.

    – Апаратот може да се користи за изведување на сите радиолошки, невролошки, кардиолошки  интервентни процедури. Во однос на карактеристиките на ангиографот, има врвен квалитет на слика, која овозможува прецизно снимање и безбедно изведување на најкомплексните процедури. Ангиографот нуди огромни можности за работа  преку најразлични процедури. Поседува врвни перформанси на прегледите и 3Д реконструкции, содржи голем софтверски пакети за анализа на прегледи преку боење, мерење, проценка, автоматска рекалкулација во реално време на 3Д реконструкции, редуцирање на зрачењето при изведување на процедурата и многу други опции – рече Сали.

    Министерот потенцира дека во оваа здравствена установа има значително зголемен број на дијагностички процедури, во однос на првите 6 месеци од минатата година, годинава има зголемување од 5000 дијагностички процедури, односно од 16.500 на 22.500 процедури.

    – Новина на која што работиме е тоа што во системот „Бакс“ ќе создаваме клауд, односно систем кој што сите снимки ќе се прикачуваат, а ќе се читаат истовремено од кој било вработен од која било институција во државата – рече Сали.

    Директорката на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје , Гордана Антулеска-Белческа истакна дека предностите на овој апарат се огромни – намалува манипулација, овозможува максимално скратување на процедурата, намалува зрачење, се добива 2Д приказ а потоа со софтверска обработка на податоците се добиваат 3Д real time приказ со прикажување не само на крвните садови, туку и најсофистицирани материјали.

    На новинарско прашање за мотивирање на лекарите за да останат во земјава, Сали рече дека постојано имаат покачување на финансискиот дел кој што е дел од мотивацијата за правовремена, успешна и максимална посветеност на здравствениот кадар кон работното место. А, околу мотивирањето на млади радиолози да останат да работат во земјава, министерот се согласува дека не само ние туку и секоја држава се соочуваа со недостиг на радиолози затоа што, како што рече, радиологијата како специјалност, гранка не е голем предизвик за еден млад лекар да се посвети на радиологијата како што е анестезиологијата, педијатријата и останати гранки.

    Во однос на чекањето резултаи од овој Институт и повеќе од 2 месеца  министерот истакна дека се соочуваат со потешкотии околу давање резултати затоа што, како што рече, пост-ковид периодот е многу тежок за секој здравствен систем.

    – Освен ковидот 2 години, пост-ковидот е пролонгирана криза во здравството затоа што сите компликации кои се случија кај пациент, сега почуваат да се манифестираат – задоцнување со дијагностика, заради ограничување на работа во здравствени  установи, непристапност на пациенти оти не оделе, и ред други причини предизвикаа листата на чекање да се зголеми. После завршување на одредени етапи во пандемијата, напливот на пациенти не можеше да се впива, односно да се систематизира навремено во која било здравствена установа. Го знаеме проблемот, сме се координирале како Министерство и како Институт и даваме решенија. Решението е купувањето нови апарати – рече Сали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img