More

    Дрогиран и без возачка дозвола превезувал илегални мигранти

    spot_img

    Полицијата во Босна и Херцеговина уапсила маж за кој утврдиле дека е дрогиран и без возачка дозвола со неисправен камион превезувал поголема група илегални мигранти, потврдија во вторникот припадници на Полициската управа во Босанска Градишка.

    Мажот бил уапсен откако камионот што го управувал бил запрен при рутинска сообраќајна контрола во понеделникот вечерта во близина на градот Чатрња.

    Во товарниот дел на камионот, полициските службеници откриле 19 лица без документи, за кои е утврдено дека се илегални мигранти.

    Потоа следеле дополнителни проверки кои покажале дека возачот бил под дејство на опијати и немал ниту валидна возачка дозвола. Дополнително, утврдено е дека камионот бил технички неисправен.

    За се е информиран дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ, кој наредил полицијата да го лиши од слобода и возилото да биде одземено“, се вели во соопштението. Полицијата ќе го пријави во Обвинителството на БиХ уапсениот поради сомнение дека сторил кривично дело криумчарење илегални мигранти.

    Полициските агенции во Босна и Херцеговина претходно предупредија дека ги обновиле рутите по кои илегалните мигранти се обидуваат да стигнат до територијата на Европската унија преку таа земја.

    Министерот за безбедност на БиХ Селмо Цикотиќ изјави дека во моментот во центрите за привремено сместување мигранти престојуваат нешто помалку од три илјади илегални мигранти, што според него е поднослива бројка, но предупреди на фактот дека од оваа година мигрантите почнаа да пристигнуваат преку Србија од земји од кои претходно не беа.

    „Тоа е последица на безвизниот режим што го има Србија со одредени земји, а на прво место би сакал да ги истакнам Индија, Бурунди и Куба. Овие луѓе без проблем стигнуваат до Србија, а крајните дестинации се земјите од северна и западна Европа“, рече Цикотиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img