Закана за бомба е испратена на електронската адреса на Народната банка на Северна Македонија (НБСМ), соопшти полицијата.
Како што се наведува, НБСМ ја пријавила заканувачката порака во скопската полиција околу 10.10 часот и веднаш биле преземени потребните мерки за безбедна евакуација, а во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расветлување на случајот.
Заканата од поставена експлозивна направа во средата околу 9:45 часот стигнала и до електронските адреси на девет средни училишта во Скопје, каде, според соопштението, полициски службеници веќе презеле мерки за безбедна евакуација на училиштата и антитерористички проверки. .
На мејл адресите на скопските средни училишта на 26 октомври речиси секојдневно почнаа да пристигнуваат мејлови за поставената бомба. Изминативе денови заканувачки пораки добија и некои скопски основни училишта, како и училишта во градовите во внатрешноста на Северна Македонија.