Србинка дошла во Белград од Германија заедно со својата ќерка за да ѝ биде извршена операција за намалување на дојките во една приватна ординација во центарот на градот. Жената подоцна починала од белодробна емболија, а не е познато што ја предизвикало оваа болест, пишува Блиц.
Персоналот на клиниката ѝ кажал на ќерката на жената дека операцијата поминала добро. Меѓутоа кога мајката можела да стане, доцна во ноќта, се упатила кон бањата и таму се струполила.
Пациентката била префрлена на Итна помош каде ја приклучиле на респиратор и пробале да ја реанимираат со сите достапни средства, но набрзо констатирале смрт.