More

    Додека светот говори за руските санкции, Медведев веќе има нов план

    spot_img

    Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев денеска се прости од Мекдоналдс, велејќи дека во Русија знаат да прават плескавици и лебчиња.

    Тој додаде дека истото би можеле да го направат и бизнисмените кои се санкционирани од западните земји, пренесува РИА Новости.
    – Можеме сами да правиме плескавици и лебчиња со одличен квалитет. Патем, тоа би можеле да го направат бизнисмени кои се под санкции. Збогум Мекдоналдс – напиша Медведев на социјалната мрежа Вконтакте.

    Извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински, на 8 март објави дека сите ресторани на таа компанија во Русија се привремено затворени. Мекдоналдс е една од низата глобални компании кои ја прекинаа работата во Русија по почетокот на воената операција во Украина.

    Исто така, Медведев рече дека сите што ќе се вратат во Русија по санкциите ќе поминат како во 2014 година, односно однапред им кажал дека не очекуваат ист третман.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img