Украинската елита деновиве добро се забавува во монденскиот француски зимски центар Куршевел. Украинските „мигранти“ се забавуваа во првите денови од 2023 година.
На каналот Телеграм и Твитер се појавија фотографии и видеа од млади Украинци кои пијат алкохол од кристални чаши и шишиња, пеат, веат украинско знаме и добро се забавуваат. Како да успеаја да заборават дека нивните сограѓани ги водат најтешките битки против Владимир Путин и неговата руска војска на украинска територија.
Странските медиуми пишуваат дека тие зимуваат во ова едно од најскапите одморалишта, а цените се доста високи. Така, организацијата на надворешно јадење и пијалаци со музика и веење знаме таму би чинела 20 илјади евра.
– Денеска околу три часот попладне во луксузен ресторан во Куршевел, цела голема маса била зафатена од луѓе кои зборуваат украински јазик. Нарачале шест кристални шишиња луксузен шампањ, а имале и украинско знаме и песна која повикува на смрт. И вчера беа објавени слични снимки, но јас мислев дека е монтажа. Но, тоа не беше. Денеска се уверив во тоа. Јас сум шокиран. Не знам какви Украинци се, можеби некој ќе ги препознае нив или нивните деца во луксузни бунди. Многу од нив се воено способни, па ми се чини дека тие и украинските власти ќе имаат за што да разговараат – пишува еден извор кој случајно се нашол на местото на настанот.
Многумина ги обвинуваат за ваквото однесување додека нивните сонародници трпат најтешки услови и седат во страв, без струја и парно во Украина, чекајќи нови напади, но и дека истото го правеле и во текот на летото кога во бројни одморалишта во Европа може да се забележат луксузни возила со украински таблички.