Комисијата за заштита од дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда и против министерот Никола Тупанчевски, затоа што не постапиле по нивните препораки од октомври лани и не извршиле надзор во Културниот центар „Ванчо Мијхајлов“ во Битола, како надлежен орган за спроведување на Законот за здруженија, oбјави Телма.
Комисијата смета дека културниот клуб „Ванчо Михајлов“ нема согласност за употреба на името, поради што треба да биде поништена регистрацијата на ова здружение, но од Правда добила одговор дека надлежен орган е Централен регистар.
Комисијата поведе прекршочна постапка пред битолскиот Основен суд и против Културниот центар „Иван Михајлов“ затоа што не се испочитувани препораките за отстранување на сите спорни содржини во името, статутот и програмата што предизвикуваат потешки форми на дискриминаци и вознемирување од страна на здружението кое го носи името на докажан соработник на фашистите.
Во одговорот од Културниот центар се наведува дека мислењето на Комисијата е тенденциозно, а подносителот на претставката, битолскиот Сојуз на борци, „не понудил докази дека Ванчо Михајлов е фашист“.