More

    Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони најостро ги демантира наводите на политичката партија ВМРО ДПМНЕ

    spot_img

    Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони најостро ги демантира наводите на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, изнесени на денешната прес конференција за незаконски тендер за мониторинг на исплата на државна помош.
    „Целта на договорот за „Мониторинг на државна помош“ е да се спроведе внимателна и детална проверка на сите барања за исплата на државна помош токму за да се осигура заштита на јавниот интерес и парите на граѓаните. Оваа новина е воведена во 2021 година и ја вршат надворешни ревизори. Конкретно, за 2021 година, преку отворена постапка за јавна набавка, ангажирана е меѓународната ревизорска куќа Прајсвотерхаус Куперс. Во изминатата година исплатени се вкупно 720 милиони денари државна помош кон компаниите, а вкупниот трошок за ангажманот на ревизорите е под 1% од овој износ. Воедно, укажуваме дека согласно Законот за контрола на државна помош, на кој се повикува политичката партија ВМРО ДПМНЕ, Комисијата за заштита на конкуренција врши контрола на давателите на помош (институции), а не на корисниците на истата (компании). Дополнително, согласно Законот за ТИРЗ и наведениот член 12, регулирана е евиденцијата на дадената помош, а не контрола на направените трошоци на компаниите“, велат од ТИРЗ.

    Од ТИРЗ дополнуваат во однос на објавената постапка за набавка за 2022 година, за која велат, истата е целосно во согласност со Законот за јавни набавки и за која во моментот тече евалуација на пристигнатите 4 (четири) понуди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img