Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална хигиена, соопшти Град Скопје.
– И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност – соопшти градоначалничката Данела Арсовска.
„Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите“, се додава во образложението од Градот.