На Boxing Day, Ливерпул ја победи Астон Вила со 3:1 во 17. коло од Премиер лигата.
На тој дуел падна и рекордот. Дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон стана рекордер во Премиер лигата. Од натпреварот со Вила, Робертсон е дефанзивецот со најмногу асистенции во историјата на таа лига.
Робертсон во петтата минута му асистираше на Мохамед Салах за водство на Ливерпул. Тоа беше негова 54-та асистенција во кариерата во Премиер лигата и сега има една повеќе од Лејтон Бејнс.
Шкотланѓанецот стигна до својата 54-та асистенција во 231-от натпревар, што е за 189 натпревари помалку од она што му беше потребно на Бејнс за 53 асистенции.
Робертсон имаше пет асистенции во 13 натпревари оваа сезона.