Најстудено утрово беше во Берово каде е измерен минус еден степен, во Лазарополе е измерен еден степен, во Битола два, во Маврови Анови и Попова Шапка три, а четири степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица. Највисока температура од осум степени беше измерена во Дојран, информираат од УХМР.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 22 степена.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со студени утра и релативно топло преку денот. Дневната температура ќе биде во благ пораст, а утринската наместа ќе се спушта под нулата.