More

    Денеска е Голема Богородица- заштитничка на бремените жени, децата и семејството

    spot_img

    Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните.

    Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.

    Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата.

    Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

    Симболиката на овој голем празник е да не се плашиме од смртта, бидејќи таа е само премин од еден живот во друг.

    Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените кои немаат деца веруваат дека со милоста на Света Богородица ќе добијат рожба, поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската Градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите.

    Третиот ден по погребот пристигнал апостолот Тома кој сакал да го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот на на општо изненадување телото не било внатре. Имало само некои погребни платна од кои се ширел пријатен мирис. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека на третиот ден по погребот Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото. Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот е познат како Голема Богородица и се празнува на 28 август, или 15 август по стариот календар. За подостоинствено одбележување на овој празник му претходи двонеделен пост, што започнува на 14 август, односно на празникот Св. седум маченици Макавејски.

    За празниците на Голема и Мала Богородица обичај е , посебно жените, да почитуваат забрани кои се однесуваат на работа по дома и околу куќата.

    Исто така денес не е добро да се работи со рацете, посебно работи со игли, или воопшто да се почнува некоја нова работа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img