Со недели медиумите се занимаваат со разводот на пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике, а сето тоа поради прељубата што ја направи фудбалерот.
Бракот од 12 години пропадна кога пејачката дозна дека нејзиниот партнер не може да ѝ одолее на Клара Чиа Марта (23), која тогаш работеше во неговата компанија Космос. Откако сè излезе во јавноста, Шакира му посвети и одмаздничка песна на бившиот
Сепак, шоковите изгледа не завршуваат тука! Сега новинарите на Music Mundial дознаа нова вест која дополнително може да ја потресе колумбиската пејачка: Клара Чиа Марти е бремена и таа и Пике го чекаат своето прво дете.
Веста која ја објави новинарот Густаво Церијани ги шокираше сите обожаватели на Шакира. Жерар Пике и Клара Чиа ги снимале во аптека како купуваат тест за бременост. Се било тајно, а Церијани тврди дека фармацевтот му потврдил дека им го продал тестот за бременост“, пишува Music Mundial.