Две лица беа спасени откако паднаа во контејнер полн со чоколадо во фабриката Марс М&М во Пенсилванија во четвртокот, соопштија официјални лица.
Двајцата пациенти се пренесени во болница, изјави за Си-Ен-Ен помошникот полициски надзорник Ник Шенбергер.
„Еден пациент беше пренесен со брза помош, а едно лице со хеликоптер“, рече Шенбергер.
Не се знае степенот на нивните повреди.
„Пожарникарските екипи ја отфрлија можноста да ги извлечат директно од резервоарот“, рече Бред Волф, надзорник за полициските комуникации во округот Ланкастер. „Тие мораа да направат дупка на страната на резервоарот за да ги извадат“, рече тој.
Волф рече дека не е јасно како луѓето влегле во контејнерот со чоколадо.
Портпаролот на Марс Вригли изјави за Си-Ен-Ен: „Ние активно управуваме со ситуацијата и нашиот примарен фокус е да ги поддржиме тимовите за итни случаи на лице место“.