Четири лица загинаа во судир на два авиони на јужнокорејските воздухопловни сили за време на обуката, соопшти армијата во Сеул. Авионите се урнати во планинска област во близина на југоисточниот град Сачон.
Во секој авион имало по еден пилот и по еден инструктор. Успеале да се катапултираат, но биле пронајдени мртви.
Истрагата за причините за судирот е во тек.