More

    Датотеките на Маск покажаа како службите сакале да ги блокираат „странските влијанија“

    spot_img

    Федералното биро за безбедност во САД барало од Твитер, односно од поранешниот шеф на безбедност на Твитер, Јоел Рот, да пополнува прашалници за тоа зошто „не забележал пропагандни активности на платформата“ од „актери на платформата“. Од него барале појаснувања, а тој бил „збунет“ и зборувал со колегите за ова, пишува Њујорк Пост.

    Ова го откриваат новите фајлови кои ги објави новинарот Мет Таиби, а со дозвола на новиот газда на Твитер, Илон Маск. За овој „благ притисок“ кој го вршеле ФБИ во јули 2020 година Рот изјавил дека е „искрено збунет од барањата овде, кои изгледаат повеќе како нешто што би го добиле од конгресната комисија отколку од Бирото“.

    Новинарот Мајкл Шаленбергер дури објави е-мајл од вработен во ФБИ до Рот кој му предлага во 30 дена по изборите (оние на кои Бајден го победи Трамп) ФБИ да обезбеди тивко „расчистување“ на спорните профили на овие „актери“. „Вие одлучете кои профили тоа ќе бидат“, му пишува Елвис Чан на Рот.

     

     

    Поранешниот шеф за безбедност додал дека не се чувствува „особено удобно“ со тоа што ФБИ бара писмени одговори за ова прашање. Според објавените датотеки, Рот напишал дека премисата за прашањата „изгледа погрешна“, тврдејќи дека разузнавачката заедница „фундаментално погрешно ја разбрала“ позицијата на Твитер за дезинформациите кои се шират на платформата.

    „Јасно ни е дека официјалната државна пропаганда е дефинитивно нешто на Твитер“, напиша Рот, сугерирајќи му на Чан, кој инаку ја водел т.н. Работна група за странски влијанија во ФБИ да го контактира по телефон што е можно поскоро.

    На кои дезинформации и на кои „актери“ мислеле ФБИ? Според објавите на новинарот Мет Таиби оваа кавга меѓу ФБИ и Твитер се случила во време на ковид-кризата, кога невладини организации во САД предупредуваа дека наводно, странски фактори на Твитер, и по други социјални медиуми шират дезинформации за коронавирусот, но и за претседателските избори во САД кои се случија во ноември истата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img