More

    Дарко Лазиќ бил 23 дена во кома, гледал бели завеси и луѓе кои не ги познава

    spot_img

    Српскиот фолк-пејач Дарко Лазиќ пред пет години имаше сообраќајна несреќа, по која едвај преживеа.

    Потоа паднал и во кома, во која бил 23 дена, а сега се присетил како тоа изгледало.

    „Имав сообраќајна несреќа во октомври 2018 година и буквално по неколку часа бев отпишан. Целосно потонав. Два месеци бев во болница. Да не зборуваме за повредите, кои се страшни: 12 скршени ребра, скршен колк, карлица, граден кош, хематом на глава, слезина, бубрег… Сѐ, сѐ. Еден месец дишев на апарати. Бев во кома 23 дена. Тоа е многу чудна работа“, се присети Лазиќ и додал:

    „Нонстоп имав во главата и гледав некои бели или светло сини завеси кои постојано беа таму, летаа. Гледав и некои луѓе кои воопшто не ги познавам. Малкумина го знаат тоа, а сега, еве, го кажав. Тие 23 дена траеја како да сум легнал и отспал и утредента сум се разбудил“, откри пејачот, а на констатацијата на неговите соговорници дека тоа може да се сфати како бил е на „другата страна“, тој одговорил:

    „Бев клинички мртов, во кома. Знам дека ме реанимираа. Тоа ми го кажаа подоцна, така што, постои нешто сигурно“, рекол тој во подкастот „Радин и Ронин“.

    „Лошата страна е што бев многу повреден и сѐ уште имам проблем со ногата и тие повреди. Добрата страна на мојата несреќа е што конечно видов кој не ми треба во животот и научив што не сакам, а што сакам“, рекол пејачот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img