Министерот за надворешни работи Јепе Кофод рече дека очекува Данска да може да се приклучи на заедничката безбедносна политика на ЕУ од 1 јули оваа година.
Тој изјави дека има „низа формални чекори“ кои треба да се исполнат пред да се приклучи Данска во европската безбедносна политика.
Првата е дека данскиот парламент ги ратификува резултатите од вчерашниот референдум, на кој, според официјалните резултати, 66,9 отсто од гласачите се изјасниле дека поддржуваат приклучување кон безбедносната политика на ЕУ.
Излезноста беше 65,7 отсто.
Кофод го нарече референдумот „добар и важен чекор“.
Премиерот Мета Фредериксен рече дека резултатите се „јасен сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин.
Главниот ефект од пристапувањето на Данска во рамката на безбедносната политика на ЕУ ќе биде учеството во разговорите со европските колеги за безбедносни прашања, а војниците од таа земја ќе учествуваат во воените мисии на Унијата.