More

    Дамијано Давид на концерт го опцу Путин

    spot_img

    Фронтменот на италијанскиот бенд „Манескин“, Дамијано Давид ги шокираше сите на концертот кога го опцу претседателот на Русија, Владимир Путин.

    „Манескин“ синоќа имаа концерт во Рим, а Дамијано со својот настап ги изненадил сите присутни.

    Тој ја изведувал песната „Gasoline“ (Бензин) која е посветена на поддршка за Украина, а потоа дошло до неочекуваната постапка на пејачот.

    Во еден момент, во текот на нумерата Италијанецот го опцул Путин.

    Постапката на Дамијано предизвикала реакции кај публиката, но и на социјалните мрежи, каде видеото на големо се споделува.

    „Грозно“, „Не разбирам зошто го направи ова“, „Каков шок“, „Што му требаше ова?“, „Сега знаеме кој нема да има концерт во Русија“, „Чуден лик, подобро да пее и да се држи до својата работа“, се дел од коментарите.

    Има и такви кои го поддржаа италијанскиот пејач, така што постапката на минатогодишниот победник на Евровизија предизвика овации кај дел од публиката.

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img