More

    Дали сте слушнале за Тиаки? Важно ветување што секој патник мора да го даде при пристигнувањето во Нов Зеланд

    spot_img

    Една од жртвите на масовниот туризам е најпознатото дрво во Нов Зеланд. Врбата која извира од езерото Ванака и создава речиси нереална сцена е популарно место меѓу посетителите, кои доаѓаат таму за да направат незаборавни фотографии. Но, непознат сторител отсекол гранка која мештаните ја виделе како плива покрај брегот. Дрвото Ванака е популарно од 2014 година, кога го фотографираше фотографот Денис Радермахер и ја доби наградата за најдобра снимка од пејзаж.

    Оттогаш, врбата стана популарна на социјалните мрежи, а посетителите доаѓаат да ја видат во Националниот парк Маунт Аспиринг и покрај фактот што нема патокази што водат до дрвото и тешко е да се најде.

    Токму поради вандалите кои ја уништуваат прекрасната природа, владата на Нов Зеланд одлучи туристите да дадат „тиаки завет“ при посетата на нивната земја. „Тиаки“ на маорски значи „да се чува“, а Маорите ја сметаат природата неразделна од нивниот живот. За нив секоја планина, река и дрво има своја приказна. Овие приказни се дел од нивните сопствени идентитети и помагаат да се обликува нивното место во светот.

    За да им олеснат на туристите да одлучат како да ја остават природата во истата состојба во која ја нашле, односно да не и наштетат, можат да најдат информации на веб-страницата посветена на зачувување на природата во Нов Зеланд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img