Матичниот лекар откри дека многу пациенти зимава се жалат на екстремно долготрајна кашлица и објаснува дека тоа би можело да биде затоа што луѓето едноставно зафаќаат една инфекција по друга.
Тој истакнува дека карантините за време на пандемијата можеби ја намалиле отпорноста на јавноста на инфекции, но признава дека не е сосема јасно зошто кашлицата и настинката се задржуваат толку долго и зошто на луѓето им треба толку долго за да се опорават.
Истражувањата покажуваат дека стапките на инфекции на респираторниот тракт се далеку над просекот, што е потврдено од неделните податоци на Британската здравствена агенција за грип и други болести. Овој месец, возрасните кои не мора нужно да излегуваат, беа предупредени да останат дома за да се намали ширењето на инфекцијата.
„Не е сосема јасно зошто некои инфекции траат подолго од вообичаеното. Ова го забележаа и лекарите и пациентите. Поголемиот дел од јавноста беше изолиран во последните две зими и тоа очигледно ја намали отпорноста на инфекции. Затоа, во некои случаи, луѓето одеднаш се заразуваат со една инфекција, а потоа веднаш со друга. И бидејќи тие се различни инфекции, преболувањето на едната не значи дека сте имуни на другата“, рече Хоторн.
Тој вели дека на пациентите им се советува помалку да излегуваат во текот на зимата и генерално да внимаваат на хигиената, пишува Sky News.
Хоторн го препорачува вообичаениот парацетамол за ублажување на висока температура, болки во грлото или уво, внимавајте да не ви е ладно, да се одморите доволно и да пиете доволно течности.
Тој уште еднаш нагласува дека антибиотиците немаат ефект на вирусните инфекции, туку само на бактериските, а повеќето инфекции на респираторниот тракт се вирусни.
Затоа, ако кашлицата трае подолго, се влошува со отежнато дишење или ако почувствувате болка во градите или слабеење за краток временски период, побарајте лекарска помош.