Многу луѓе се придржуваат до некое непишано правило, па затоа месото секогаш го плакнеат под млаз вода пред да го зготват, но се поставува прашањето дали е тоа воопшто неопходен чекор?
Месото може да содржи различни бактерии и вируси, а тоа е една од главните причини зошто луѓето го мијат. Во некои земји дури користат киселини како лимон или оцет.
Различни истражувања и лабораториски проверки покажаа дека миењето сурово месо со обична вода од чешма не е ефикасно за отстранување на бактериите и всушност може да предизвика повеќе штета отколку добро бидејќи патогените вируси се шират на работната површина и на друга храна, пишува Вечерњи лист.