More

    Дали Ковачевски ги предложи вистинските луѓе за министерските места?

    spot_img

    Со какво искуство располагаат идните министри за правда, здравство животна средина и за информатичко општество и администрација предложени од премиерот Димитар Ковачевски: Кренар Лога, Фатмир Меџити, Каја Шукова и Азир Алиу?

    Кренар Лога на кој премиерот Димитар Ковачевски му го препушта Министерството за правда е магистер по дипломатија на Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово, а тука завршил и факултет, каде станал дипломиран правник. Доаѓа од член на ДИК.

    Во неговата биографија стои дека има долгогодишно искуство во областа на правото, имал работно искуство на повеќе раководни позиции и во Општина Струга. Бил и извршен директор на Институтот за јавна политика Арбен Џафери, раководител на сектор за управување со човечки ресурси во Државното правобранителство, советник за правни работи во Општина Тетово, а бил и заменик-директор во Управа на финансиска полиција и ИТ демонстратор на Универзитетот на Југоисточна Европа

    Д-р Фатмир Меџити кој е предложен на министер за здравство е специјалист невролог од државната клиника. Тој бил член на управниот одбор на фондот за здравствено осигурување а има искуство и во министерски кабинет за здравство во 2017 кога бил советник на министерот. Меџити е член и на Лекарската комора, македонско лекарско, невролошко друштво и на Европската академија за неврологија.

    Каја Шукова е предложена на министерското место во Министерството за животна средина во кое доаѓа од местото државен секретар во истото министерство. Таа е дипломиран инженер технолог и работела во областа на заштита на животната средина во насока на одржлив развој и заштита на воздух, води и почви.

    Шукова е копретседател на поткомитетот за транспорт, енергетика, регионален развој, член е на комитетот за европски интеграции и претседател на Управен комитет на програмата за заштита на природата.

    Новиот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу е доктор по информатички науки и магистер по електротехника. Тој е редовен професор на Универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово. До сега работел во областа на компјутерска архитектура, оперативни системи, машинско учење и вештачка интелигенција. Алиу во своето екстензивно академско искуство работи на теми поврзани со интелигентни системи, анализа на сигнали и мулти-резолуциони слики, обработка на медицински слики.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img