More

    Грковска – Улман: Соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија дава резултати, целта е преку заедничките проекти да овозможиме системски промени

    spot_img

    Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работен состанок со амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, со која разговараа за можностите за заедничка соработка во делот на антикорупциските политики, дигитализацијата, како и доброто управување.

    Вицепремиерката Грковска и се заблагодари на амбасадорката на Швајцарија за безрезервната поддршка и долгогодишната соработка што двете земји ја имаат на полето на унапредувањето на демократијата, транспарентноста, како и антикорупциските политики.

    Таа истакна дека за Република Северна Македонија од исклучително значење е проектите што се реализираат од странските донатори да бидат одржливи и по завршувањето на проектот и да предизвикаат системски промени.

    Амбасадорката Улман оцени дека многу е важно во процесот на планирање на следните активности на вистински начин да се детерминираат приоритетите, со цел да се обезбеди ефикасност на процесот, како и видливи резултати.

    Амбасадорката Улман истакна дека се фокусирани на животната средина, климатските промени, водата, демократското владеење и парламентот, како и поддржа на приватниот и граѓанскиот сектор.

    Двете соговорнички заклучија дека имаат широко поле за соработка и нагласија дека од исклучително значење да се работи на соработката со граѓанскиот сектор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img