More

    Грковска: Системскиот пристап во справувањето со перењето пари и финансирањето тероризам дава резултати

    spot_img

    Усвојувањето на Закон за борба против перење пари и финансирање тероризам, чија имплементација веќе започна и кој е усогласен со најновите меѓународни стандарди и директиви на Европската Унија, како и подготовката на новиот Кривичен законик кој е во завршна фаза, се клучни за подобрување на системските мерки во борбата против организираниот криминал и тероризмот. Поддршката и помошта што Советот на Европа и Европската Унија ни ја даваат, за подобрување и развој на системи и практики на добро владеење, е од клучно значење за Република Северна Македонија и верувам дека оваа плодна соработка ќе продолжи и во наредниот период, соопшти заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на дводневната завршна конференција што се одржува во Будва, Црна Гора, за Проектот „ Акција против економскиот криминал“, што се спроведува во рамките на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција.

    „Проценетата вредност на перењето пари во светот, според последните статистички податоци, е од два до пет проценти од светскиот БДП. За жал, Северна Македонија не е имуна на овој феномен и се соочува со голем предизвик во борбата против овој криминал. Значително подобрување е забележано во процесирањето на случаите за перење пари во 2021 година. Поднесени се вкупно 12 кривични пријави против 61 лице, 5 обвиненија против 15 лица, 7 пресуди за 16 лица и 2 правосилни пресуди за 2 лица. Овие подобрувања се резултат на работата на националните власти и нивната посветеност, но треба да се оддаде признание и за работата на Акцијата против економскиот криминал во изминатите шест години“, нагласи Грковска.

    Таа оцени дека заедничката работа преку овој Проект овозможи низа активности, како што се Националната проценка на ризик од перење пари и финансирање на ризици од тероризам, како и изготвување Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризмот.

    Она што произлезе од заедничката соработка, а што е многу значајно, е подготовката на законското решение за потекло на имот.

    „Ова законско решение кога ќе се донесе ќе биде од големо значење за идентификување и одземање на имот за кој не може да се утврди потеклото и значително ќе придонесе во борбата против корупцијата и сите видови економски криминал. Очекуваме поддршката од Советот на Европа и Европската Унија да продолжи во оваа активност, со цел успешна имплементација на овој закон“, нагласи Грковска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img