Групата на земји против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО) вториот извештај за оценките за мерките преземени од македонските власти го објави на англиски, на француски јазик и на МК со ѕвездичка. Во објаснувањето на ѕвездичката пишува дека се работи за неофицијален превод, обезбеден од властите на Северна Македонија, пренедува МКД.мк.
Сепак, се работи за објава на официјалниот сајт на Советот на Европа. А и ако е неофицијален преводот, зошто не се кажува дека преводот е на македонски јазик, со објаснување дека е преводот неофицијален, а обезбеден од македонските власти.
Порталот коментира дека се работи за некаква нова форма за да се избегнат можни непријатности во Стразбур поврзани со употребата на зборот „македонски јазик“.