Граѓани на Косово се заинтересирани да заминат во Украина како доброволци изјави амбасадорот на Украина во Албанија, Володимир Шкуров.
– Косово е заинтересирано за развојот на настаните околу Украина, а некои граѓани дури и изразија интерес да учествуваат во одбраната на Украина, доколку конфликтот со Русија ескалира.. Свесни сме за поддршката што ја искажаа косовските претставници. Покрај тоа, граѓаните на Косово ни се обраќаат со предлози и прашања како да стигнат до Украина и да учествуваат во одбраната на Украина. Сите овие предлози и повици ги пренесуваме до нашите министерството. Украина е во фаза на разгледување на прашањето за признавање на Косово – изјави тој за „Еуроњуз Албанија“.