Гоџи бобинките го зајакнуваат имунолошкиот систем, го забавуваат процесот на стареењето, го спречуваат настанувањето на леукемија и други карциноми, спречуваат болести на срцето и крвните садови, ја регулираат функцијата на уринарниот тракт, даваат сила и енергија, имаат антибактериски и антивоспалителни својства, ја подобруваат плодноста кај жените, го подобруваат видот, ја подобруваат циркулацијата во целиот организам, штитат од појава на дијабет, ја зголемуваат еластичноста и влажноста на кожата, го подобруваат квалитетот на спермата.
Препорачаната дневна доза на гоџи бобинките е 10-30 грама дневно.
Гоџи е растение од фамилијата Solanacea, грмушка која може да расте и до три метри во висина. Цвета преку целото лето, а во есен ги дава своите први плодови, за кои искусните градинари советуваат да не се берат со рака, туку да се тресат од грмушката.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Freepik