Ваут Вегерст ја заврши работата со Манчестер Јунајтед.
Холанѓанецот доаѓа во редовите на повеќекратниот европски првак како позајмен играч од Барнли. Јунајтед се обврза да плати три милиони евра на Бешикташ каде што претходно беше позајмен Вегерст.
Вегерст минатата сезона пристигна во Англија. Сепак, тој не блескаше во Барнли. Тој постигна само два гола, а клубот испадна во Чемпионшип.
Затоа замина во Турција каде многу подобро се снајде. Тоа го привлече вниманието на Ерик Тен Хаг, кој инсистираше на неговото доаѓање во Јунајтед.