Големо поскапување на основните прехранбени производи е најавено од среда, бидејќи тогаш престануваат да важат антикризните мерки, како нула данок за лебот, брашното и маслото за јадење и ограничената маржа за трговците за одредени основни производи, меѓу кои млекото, месото, сувомеснатите производи, сирењето, оризот, јајцата, шпегетите и макароните.
Иако трговците, сами ја одредуваат маржата по која ќе продаваат, самите производители почнаа да прават калкулации за колку ќе ги зголемат цените, поради поскапите суровини. Само со враќање на данокот од 5%, маслото поскапува за најмалку 7 денари, брашното за 3, лебот за скоро 2. Ако се додадат и зголемените маржи, цените ќе бидат уште повискои. Лебот и белите пецива од 1 јуни ќе се продават поскапи за 5%.
Престанува да важи и мерката за бесцарински увоз на суровини за сувомесната индустрија Трговците бараа продолжување за уште 6 месеци., но од Владата за сега не размислуваат за пролонгирање. Од 5 јуни најавија згоелмување од 15 до 20%
И производителите на млеко и млечни производи најавуваат повисоки цени, иако изминатиов период веќе ги зголемувале. Млекото само со одмрзната мража ќе се продава најмалку 3 денари поскапо, јајцатаи оризот најмалку 5 денари. Статистиката веќе објави дека цените на основните прехранбени производи за една година се зголемени за речиси 13отсто, или само во април за над 18%.