More

    „Гласен текстилец“ ги критикува надлежните

    spot_img

    Над илјада текстилни работнички поднеле пријави преку невладината организација „Гласен текстилец“ дека земале помала плата од минималната со закон утврдена 18.000 денари и тоа за околу 2.000 денари помалку.

    Станува збор за вработени од седум конфекциски фирми од истокот. Речиси ист број вработени во текстилната индустрија пак, земале цел минималец но без исплатени додатоци.

    Од „Гласен текстилец“ истакнуваат дека сите биле редовни на работа и со полно работно време и најавуваат дека ќе поднесат претставки до Трудовиот инспекторат.
    Претседателката на Здружението, Кристина Ампева вели дека овие податоци се собрани само за изминативе пет дена. Таа упати критики како низ државниот систем поминува исплата на плата под минималец и тоа за редовно работење.

    Ампева нагласи и дека поради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супермаркети им доцни платата на реботниците.

    Покачената минимална плата на работниците почна да им се исплаќа од први април. Надлежните институции најавија дека ќе анализираат колку фирми го прекршиле законот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img